Видови писма (пиктографско, идеографско, фонетско)

Писмото е визуелно претставување на говорот.

Исконската потреба на човекот да остави трага зад себе довела до појавата на писмото. Писмото е една од најголемите придобивки на цивилизацијата, бидејќи на тој начин се пренесуваат информациите од генерација на генерација.

Во најдалечното минато луѓето своите мисли ги претставувале преку цртежи. Во науката ова е познато како пиктографско писмо. Тоа е најстариот организиран систем на знаци. Ова писмо лесно се чита затоа што не претставува ни еден јазик, туку преку цртежите директно се претставени предметите. Недостаток е тоа што со ова писмо не можат да се претстават чувства или подетално да се пренесат мислите. Пештерските цртежи се најстарите примери на ова писмо.
Пиктограмите се цртежи на предметите, а на јазично ниво тие одговараат на речениците.

Поразвиена форма на пиктографското писмо претставува идеографското писмо. Со текот на времето цртежите почнале да се упростуваат и да добиваат симболичко значење (срце – љубов, куќа – дом).
Идеограмите се цртежи кои имаат преносно (метафоричко) значење, а на јазично ниво тие одговараат на зборовите.
Најпознати идеографски писма се од месопотамската и асировавилонската цивилизација – клинестото писмо, и од египетската – хиероглифското.

Преодна фаза кон најсовременото писмо претставува слоговното од кое се развило фонетското.

Фонетското писмо е гласовно, што значи дека секој глас се бележи со еден знак (буква). Гласовното (фонетското) писмо го развиле Римјаните и Словените. Од Римјаните потекнува латиницата, а од Словените кирилицата.

(Иако во светската научна мисла е прифатено дека најстарите писма потекнуваат од Египет, Месопотамија и Асиро-вавилонија, сепак не смееме да заборавиме дека во Македонија се пронајдени артефакти со писмо слично на денешната кирилица, а старо 7000 години. Тоа е керамичкиот печат од неолитската населба Церје кај селото Говрлево, Скопско. На него пишува: Сал со Бога сум. Тој печат е доказ дека на нашава територија се користело фонетско писмо и тоа најмалку пет милениума пред нашата ера. И не само тоа, печат е нешто што покажува организирано општество, држава. Печат се става на документи кои се заверуваат од повисок орган во општеството. Освен ова, содржината на печатот укажува на вербата на неолитскиот Македонец во Бог и тоа во еден и единствен. Ваквите артефакти допрва ќе ја расветлуваат историјата, која најверојатно ќе мора да претрпи промени.)

Во современото општество постојат и друг вид писма. Тоа се: Брајовата азбука (Луј Брај) за слепи лица која се чита со допир и Морзеовата азбука (Семјуел Морз) која може да се види (составена од точки и цртички), но и која може да се слушне (комбинација од кратки и долги звуци). Морзеовата азбука се пренесува во далечина со телеграфски апарат.