Појава на ренесансата

Ренесансата (преродба) е продолжување на предренесансата (хуманизмот) и се појавува во втората половина на 15 век и трае во 16 век.
Под ренесанса не се подразбира само преродба на старата римска литература, туку преродба на целокупниот живот.

Да се потсетиме:

Уметноста се појавува во првобитното општество како спој од музика, текст и игра (синкретизам).

Најпрво од синкретизмот се издвојува епско-лирската песна и го започнува самостојниот развој на литературата како дел од уметноста. Најстарите литератури се појавуваат во старите држави: Асирија, Вавилонија (Месопотамија), Кина, Индија, Египет, Стара „Грција“ итн.
Како плод на старохебрејската литература се појавува Светото писмо (Библијата – Стариот и Новиот завет). Развојот на религиите го попречува слободниот развој на уметностите. Ова особено е изразено во средниот век кога црквата имала целосна власт врз човекот. Ветувајќи вечен задгробен живот барала од луѓето откажување од овоземните благодети и ги попречувала сите напредни и научни мисли. Многумина се затварани, измачувани и погубувани на клада заради своите теории кои биле различни од закоравените ставови на црквата. Карактеристичен пример за односот на црквата кон новите научни откритија е случајот со Галилео Галилеј. Тој бил следбеник на Коперниковата теорија на хелиоцентричност (дека планетите кружат околу Сонцето, а не околу Земјата). Галилео е пронаоѓач на телескопот со кој ги набљудувал небесните тела и ја потврдувал Коперниковата теорија. Ваквото негово тврдење било спротивно од ставовите на црквата според која Земјата е центарот на целата вселена и дека сè се врти околу неа. Заради ова, имал проблеми со Инквизицијата, бил затворен и измачуван, а за да си го спаси животот морал да се откаже од своите ставови и да ја поддржи црквата. Но, сепак, пред да умре тој ја кажал својата позната реченица „Сепак се врти“ – потенцирајќи дека вистински никогаш и не мислел поинаку.
Овие нови видици отвориле потрба за поинаков начин на живот. Човекот постепено почнал да се свртува кон себеси, кон убавините на овоземниот живот, почнал да твори, да открива и да го менува светот. Тогаш се појавува и буржоазијата и се преминало кон парично-стоковно стопанство. Овие се условите во 15.век кои го поттикнале појавувањето на новиот правец во уметноста – хуманизам и ренесанса.
Предренесансата (12 и 13 век), претставува преоден период во кој христијанското учење, односно црковните теми и мотиви се сè уште најзастапени.
Предренесансата (хуманизмот – љубов кон човекот, човечно) својот процут го доживува во 15. век.
Нејзини особености се:
– отфрлување на средновековната идеологија;
– верба во човекот (а не во натприродни суштества);
– љубов кон животот на земјата (а не задгробен живот);
– создавање оригинална литература со мотиви и теми од секојдневниот живот;
– пишуваат на латински јазик (Италијаните верувале дека се потомци на старите Римјани и дека латинскиот јазик е многу сличен со современиот италијански).
Токму определбата да пишуваат на латински јазик не овозможува оваа литература да допре до широките народни маси и да достигне повисоки уметнички дострели. Сепак, имало отстапување од таа определба, а тоа го направиле тројцата најзначајни претставници: Данте Алигиери, Џовани Бокачо и Франческо Петрарка.
Ренесансата (преродба) е продолжување на предренесансата (хуманизмот) и се појавува во втората половина на 15. век и трае во 16. век.
Под ренесанса не се подразбира само преродба на старата римска литература, туку преродба на целокупниот живот.
Особености на ренесансата се:
– зацврстување на вербата во слободниот човек, а не човек кој се подготвува за задгробен живот;
– во школите и универзитетите се воведува световна настава (се учат природни и општествени науки);
– се развиваат сликарството, вајарството, архитектурата во кои се посветува внимание на убавината , грандиозноста, пространството, бујното човеково тело итн.;
– во литературата темите се црпат од секојдневниот живот;
– пишуваат на народен јазик.
Главни претставници се: Вилијам Шекспир, Мигел де Сервантес, Лопе де Вега (Шпанија), Лодовико Ариосто, Торквато Тасо (Италија), Марин Држиќ (Дубровник).