Почетна » македонски јазик » наука за јазикот » Видови писма (историски развој)

Видови писма (историски развој)

Видови писма според историскиот развој се:
пиктографското, идеографското и фонетското.
Писмото е визуелно претставување на говорот.
Исконската потреба на човекот да остави трага зад себе довела до појавата на писмото. Писмото е една од најголемите придобивки на цивилизацијата, бидејќи на тој начин се пренесуваат информациите од генерација на генерација.
.

Видови писма

Пиктографско писмо
Во најдалечното минато луѓето своите мисли ги претставувале преку цртежи. Во науката ова е познато како пиктографско писмо. Тоа е најстариот организиран систем на знаци. Ова писмо лесно се чита затоа што не претставува ни еден јазик, туку преку цртежите директно се претставени предметите. Недостаток е тоа што со ова писмо не можат да се претстават чувства или подетално да се пренесат мислите. Пештерските цртежи се најстарите примери на ова писмо.
Пиктограмите се цртежи на предметите, а на јазично ниво тие одговараат на речениците.
.
Идеографско писмо
Поразвиена форма на пиктографското писмо претставува идеографското писмо. Со текот на времето цртежите почнале да се упростуваат и да добиваат симболичко значење (срце – љубов, куќа – дом).
Идеограмите се цртежи кои имаат преносно (метафоричко) значење, а на јазично ниво тие одговараат на зборовите.
Најпознати идеографски писма се од месопотамската и асировавилонската цивилизација – клинестото писмо, и од египетската – хиероглифското.
Преодна фаза кон најсовременото писмо претставува слоговното од кое се развило фонетското.
.
Фонетско писмо
Фонетското писмо е гласовно, што значи дека секој глас се бележи со еден знак (буква). Гласовното (фонетското) писмо го развиле Римјаните и Словените. Од Римјаните потекнува латиницата, а од Словените кирилицата.
.
Други видови писма

.
Во современото општество постојат и друг вид писма. Тоа се: Брајовата азбука (Луј Брај) за слепи лица која се чита со допир и Морзеовата азбука (Семјуел Морз) која може да се види (составена од точки и цртички), но и која може да се слушне (комбинација од кратки и долги звуци). Морзеовата азбука се пренесува во далечина со телеграфски апарат.

Scroll to Top