Поделби на литературата

Литературата се дели според неколку критериуми.

1. Во минтото литературата усно се пренесувала од колено на колено. Кај неа тешко можело да се определи авторството, па затоа е позната како анонимна, народна или колективна. По создавањето на писмото литературните творби биле запишувани и нивниот автор бил познат.

Според авторството, литературата можеме да ја поделиме на:

народна (анонимна, колективна, усна) и
уметничка (авторска).

2. Според тоа каква форма употребил авторот при создавање на своето дело, литературата може да ја поделиме на:
поезија (стих), и
проза.

Поезијата и прозата се двата начина на кои се пишува литературата. Тие се разликуваат надворешно (визуелно). Поезијата е стиховна организација на текстот со своја ритмика. Прозата, пак, е поблиска до секојдневниот говор.

 

3. Според времето кога е создавана и според заедничките белези на творбите во определени периоди е направена историска поделба на литературата, односно периодизација (периоди, правци). Од најдалечното минато до денес во европската литература ги разликуваме следните периоди:

– антика;
– среден век;
– ренесанса;
– барок;
– клаицизам;
– романтизам;
– реализам;
– модернизам;
– постмодернизам.

4. Според внатрешните својства на литературните дела, литературата се дели на родови:
Лирско-епските дела не се посебен род, туку претставуваат меѓурод каде лирските и епските елементи се испреплетени.

Родовите, пак, се делат на литературни видови: епски видови, лирски видови и драмски видови (како и лирско-епски видови).