Џовани Бокачо

 

џовани бокачо

Џовани Бокачо (1313-1375)

Џовани Бокачо (1313-1375) е еден од најзначајните претставници на предренесансата (хуманизмот).

Тој самиот велел дека е роден во Париз (што е можеби плод на предренесансната фантазија), но најверојатно е роден во Черталд како вонбрачно дете на трговецот Бокачино ди Келино.
Детството го поминал во Фиренца, а младоста во Неапол каде се школувал и каде започнал да се занимава со литература. По желба на татко му прво се приготвувал за трговец, а потоа учел канонско право, но за тоа не покажувал интерес.
Тој се заинтересирал за античките писатели, како и за Данте. Во Неапол го започнал своето творештво, односно романот „Филоколо“ со љубовно-авантуристичка тема.
Во 1340 година се вратил во Фиренца каде зел активно учество во политичкиот живот. Десетина години подоцна се сретнал со Петрарка и станале пријатели. Заедничкиот интерес за античкото творештво ги зближувал. Бокачо го знаел и старогрчкиот јазик, па така ја проучувал и таа литература. Од тие проучувања произлегло делото „За генеалогијата на боговите“ напишано на латински јазик.
Во периодот од 1352 до 1354 година Бокачо го напишал своето најпозната дело „Декамерон“ (десет дена) на италијански јазик, со што Бокачо станува основоположник на италијанската уметничка проза. Тој всушност ја усовршил новелата како литературен род.
Во последните години од животот му се посветил на Данте, пишувајќи ја неговата биографија (која не ја довршил) и толкувајќи ја „Божествената комедија“ (на јавни предавања).
Умрел во Черталд 1375 година.
Декамерон

„Декамерон“ претставува заокружена збирка раскази што авторот го постигнал со воведниот дел, односно „Уводната новела“. Во неа Бокачо го прикажува својот концепт на збирката.Имено, за време на големата чума во Фиренца, група млади луѓе (7 жени и 3 мажи) се засолнуваат во една куќа (се повлекуваат во карантин) и за да не им биде здодевно за секој ден определуваат крал или кралица кој ќе кажува што да прават.

Во текот на тие десет дена, сите десетмина, секој ден раскажуваат по еден расказ на определена тема (10 х 10 = 100). Затоа збирката содржи 100 новели.

Прочитај повеќе за „Декамерон“

 

Според темите новелите се поделени на:

1 ден – нема одредена тема – кралица е Пампинеа
2 ден – неприлика со среќен крај – кралица е Филомена
3 ден – за двомислени луѓе – кралица е Немфиле
4 ден – за несреќната љубов – крал е Филострат
5 ден – за среќната љубов – кралица е Фијамета
6 ден – за оние кои биле итри и досетнно се спасиле – кралица е Елиза
7 ден – за жените кои го изневериле мажот – крал е Дионес
8 ден – исмејувањата на мажите од жените и обратно – кралица е Лаурета
9 ден – слободна тема – кралица е Емелија
10 ден – за правилните постапки – крал е Помфил

Во „Декамерон“ се прикажани многу настани, ликови и случки. Освен според деновите, како што ја направил поделбата самиот Бокачо, новелите може да ги поделиме во неколку тематски групи.

Прочитај ги целите раскази од „Декамерон“

 

Иако „Декамерон“ има забавен карактер, сепак, во него Бокачо реално го претставил италијанското предренесансно општество во 14 век.

 

Scroll to Top