Морфолошка поделба на зборовите

Морфолошка поделба на зборовите е групирањето на зборовите според надворешните, односно граматички карактеристики.

Има повеќе поделби на зборовите.

Најстара е онаа поделба во која зборовите се групирани според своите внатрешни својства. На пример, сите зборови што означуваат име на нешто (предмет, појава, чувство итн.) спаѓаат во групата именки. Другите групи ги сочинуваат: придавки, заменки, глаголи, броеви, прилози, предлози, сврзници, извици, честици и модални зборови.

Морфолошка (граматичка) поделба на зборовите
Морфолошки, според своите надворешни својства, зборовите се делат на: менливи и неменливи.
1. Менливите зборови може да претрпуваат промени, односно со додавање префикси и суфикси го менуваат своето граматичко значење. На пример: на именката „врата“ може да и додаваме разни граматички значења: врати (множина), вратата, вратава, вратана (определеност), итн.

 

2. Неменливите зборови не претрпуваат никакви промени. Тие секогаш се јавуваат во истата форма. На пример, сврзникот „и“ не може да го промениме, понатаму зборовите: по, во, над, ако, меѓу, ќе, итн. не претрпуваат промени.

Менливи зборови се: