Придавки

Придавки се зборови што означуваат некој признак (карактеристика) на предметот што го определуваат.
Нивната основна служба е да ја определуваат именката (придавање кон именката) и затоа најчесто стојат непосредно пред неа.

Бидејќи основната служба на придавката е да ја определува именката, таа од неа ги добива и своите граматички обележја.

Придавката ги има истите граматички категории како именката: род, број и определеност.

 

Видови

 

1. Квалитативните или описни придавки означуваат својство што се открива во предметот како таков, без поврзување со некој друг предмет.

На пр.: добар, убав, мирен (коњ)

 

2. Односните (релативни) придавки означуваат својства што упатуваат на некој друг предмет.

На пр.: манастирски (се однесува, упатува на манастир) коњ.

 

3. Бројните го означуваат односот на предметите по ред.

На пр.: прв, втор (коњ)

 

4. Заменските придавки се изведени од заменки и многу наликуваат на нив.

 

Разликуваме:

а) Присвојни заменски придавки

мој, моја, мое; мои; наш. наша, наше; наши
твој, твоја, твое; твои; ваш, ваша, ваше; ваши
негов, негова, негово; негови;
нејзин, нејзина, нејзино; нејзини.

нивни, нивна, нивни; нивни
како и: свој, своја, свое; свои

На пр.: Моето куче е помало од твоето.

Неговата куќа се наоѓа во населбата Црниче.

б) Заменски придавки со показно и квалитативно значење

ваков, ваква, вакво; вакви
таков, таква, такво; такви
каков, каква, какво; какви;
онаков, онаква, онакво; онакви;
секаков, секаква, секакво; секакви;
некаков, некаква, некакво; некакви;
никаков, никаква, никакво; никакви;
толкав, толкава, толкаво; толкави;
колкав, колкава, колкаво; колкави;
олкав, олкава, олкаво; олкави;
онолкав, онолкава, онолкаво; онолкави;
сиот, сета, сето; сите;
сам, сама, само; сами;
ист, иста, исто; исти;
друг, друга, друго; други.

На пр.: Таму доаѓаа секакви луѓе.

Не очекував таква реакција од негова страна.