Глаголски групи; глаголски форми

Глаголски групи



Глаголите се делат во групи според тоа на која самогласка завршуваат во 3л. еднина сегашно време.

а) -а група : чита, игра, вика;
б) -и група : носи, моли, коси;
в) -е група : плете, пее, пие.

 

На пр.: сегашно време
1л. учам
2л. учиш
3л. учи
Во 3. лице еднина завршува на и, значи глаголот е од и – група.

Прочитај поопширно за глаголските групи и подгрупи ТУКА.

 

Глаголски форми



Во зависност од тоа дали се менува само глаголот (со наставки) или во склопот на формата има и некој друг збор освен основниот глагол разликуваме:

 

а) Прости глаголски форми се форми кои го содржат само глаголот, тоа се: сегашно време, заповеден начин, минато определено време, глаголска л-форма, глаголска придавка, глаголски прилог и глаголска именка.

 

б) Сложени глаголски форми се оние кои освен основниот глагол содржат и друг дел (помошен глагол, честичка), тоа се: минато неопределено време, идно, минато-идно, идно прекажано време, можен начин и формите сложени со има и нема.

Прочитај поопширно за глаголските форми ТУКА.