Извици

Извици се неменливи зборови со кои се изразуваат чувствени рефлекси, се обрнува внимание или се имитираат звуци.

Најчесто, тие стојат на почетокот на реченицата и не се поврзани со неа по граматички пат.

Може да стојат и самостојно и тогаш претставуваат еквивалент на реченица.

 

1. Извици се : оф, уф, леле, еј, ало, трас, бум, му, мјау.

На пример:

Еј, каде си тргнал? (Извикот еј е употребен во склоп на реченица, но граматички не е поврзан.)

Оф! Многу силно ме удри. ( Извикот оф е употребен како самостојна реченица.)

 

2. Извиците може да бидат образувани и од полнозначни зборови: мајко, мајкице, боже, помош, марш, стоп, аман, браво.

На пример:

Колку ме боли душата, мајко! (Извикот мајко е употребен во склоп на реченица, но граматички не е поврзан.)

Мајкице! Колку ме боли душата од жал! ( Извикот мајкице е употребен како самостојна реченица.)

 

3. Извиците често се удвојуваат, особено ако се имитирање на звуци: туп-туп, гу-гу, мјау-мјау, бре-бре, чук-чук, ав-ав, итн.

На пример:

Го слушнав тивкото гу-гу на гугутката скриена под покривот. (Извикот гу-гу е употребен во склоп на реченица, но граматички не е поврзан.)

Гу-гу! Го слушнав тивкиот звук на гугутката скриена под покривот. ( Извикот гу-гу е употребен како самостојна реченица.)

 

4. При удвојувањето на извиците не мора да се повторува сосема истиот извик, туку може да се измени некој глас: динге-данге, тик-так, трас-трус, џагара-магара, тандара-бандара итн.

На пример:

Времето одминува, тик-так, тик-так! (Извикот тик-так е употребен во склоп на реченица, но граматички не е поврзан.)

Тик-так! Ви одмина времето! ( Извикот тик-так е употребен како самостојна реченица.)

 


Прочитај повеќе за неменливите зборови на следнава ВРСКА.


Од темата морфологија прочитај и за:
  1. Морфологија
  2. Делови на зборот
  3. Морфема -видови морфеми
  4. Збороформа
  5. Морфолошка поделба на зборовите
  6. Времињата во македонскиот јазик
  7. Глаголски групи и раздели
  8. Граматички категории кај глаголите
  9. Именски форми на глаголот

Повтори ја целата тема морфологија во скратените написи за подготовка на матурскиот испит:
  1. Морфологија – именски зборови (матура)
  2. Морфологија – глаголи (матура)
  3. Морфологија – неменливи зборови (матура)
Scroll to Top