Говорни органи

Говорни органи се делови од човековото тело кои учествуваат во создавањето артикулирани звуци – гласови.

Фонетиката, која се занимава со артикулацијата на гласовите, ги проучува и говорните органи на човекот. Говорниот апарат е она што го разликува човекот од другите живи суштества.

Говорните органи се составен дел од дишниот апарат. 

Органи кои учествуваат во говорот (изговарањето на гласовите) се: белите дробови кои се исполнуваат со воздух неопходен за говорната функција; гркланот и гласните жици, кои започнуваат со формирање на гласот и усната празнина каде се дооформува гласот.
При формирањето на гласовите учествуваат сите делови од усната празнина: горната и долната вилица, предното (тврдо) и задното (меко) непце, ресичката, јазикот, забите и горната и долната усна. 

Различни гласови се создаваат со употреба на различни делови од усната празнина, па оттука разликуваме: уснени, забно-венечни, венечни, тврдонепчени и меконепчени гласови.

Иако сите луѓе имаат исти говорни органи, не постојат два јазика кои имаат ист гласовен систем.