Лексикологија – вовед

Лексикологија е дел од лингвистиката што го проучува составот на зборовите на еден јазик. Таа се дели на повеќе поддисциплини:

1. Семантика (за значењето);
2. Етимологија (за потеклото);
3. Лексикографија (за речниците);
4. Фразеологија (наука за постојани зборовни состави – фразеологизми).

ЗБОРОТ има своја форма и содржина, што значи своја граматичка и своја лексичка страна. Лексикологијата се занимава со лексичката, односно содржинската страна на зборот.
Да го земеме за пример зборот м а с а. Според формата, тој збор е составен од четири гласа кои се означуваат со соодветни знаци од азбуката. „М а с а“ е именка од женски род во еднинска форма. Може да ја членуваме и да го смениме бројот (масата, масава, масана, маси, масите) итн. Овие граматички карактеристики се неговата надворешна стана.

Но, во свеста на човекот, кога ќе го кажеме зборот „маса“, веднаш се создава слика за предметот што го означува и ние го сфаќаме значењето на зборот. Тоа е содржината на зборот, неговата внатрешна – лексичка страна.