Обезвучување на гласовите на крајот од зборот

Обезвучување на гласовите на крајот од зборот е гласовна промена каде звучните согласки на крајот од зборот се изговараат безвучно (но, се пишуваат звучните).
На пр.: се пишува: леб, град, мраз, роб, грав, прав, млад (а се слуша: леп, грат, мрас, роп, граф, праф, млат)

(За да знаете како да го напишете, ако се двоумите, членувајте го зборот: леб – лебот, град – градот; тогаш јасно се слуша звучната согласка.)