Просветителство

Просветителство во Европа

При крајот на XVII век, моќната буржоазија сакала што побрзо да го симне феудализмот од опшествената сцена. Просветителството се јавува како идеологија на буржоазијата која верувала дека за менување на општеството е доволно да се смени сознанието на човекот. Како најнапредна се јавува буржоазијата во Англија чии научници и мислители ги шират новите идеи.
Просветителството (рационализмот) на прво место го става човековиот разум. Човекот не можел повеќе да се задоволи со толкувањето на црквата за настанокот на светот и животот. Тој сакал сè да види и сè да испита., а за да успее ова критичко гледање на стварноста, човекот морал да биде просветен. (Разумот да се просвети – рационализам и просветителство.)

Придвижувач на идеите на просветителството е филозофот Џон Лок со делото „Теорија на сознанието“. Тој вели дека сознанието не е вродено, туку се развива во текот на животот. За него, детето кога ќе се роди е празна табла (табула раса) на која животот, сознанијата и искуството ги испишуваат впечатоците. Според него, сè што не може да се докаже со здравиот разум е невистина, лага, заблуда и суеверие.
Во ова време творат и двајца многу популарни писатели: Даниел Дефо („Робинзон Крусо“) и Џонатан Свифт („Гуливеровите патувања“).

Од Англија, правецот се шири и во Франција.
Волтер, во своето дело „Кандид или за вербата“ ги исмева кралевите, свештениците, благородниците и воените лица со што покажува дека тие немаат божествено потекло, односно дека не се определени од Бога да владеат со народот.
Жан Жак Русо, во делото „За општествениот договор“ истакнува дека секој човек се раѓа слободен, па затоа потчинетоста на луѓето е најголемо зло што треба да се искорени.
Во духот на просветителството, Дени Дидро, со многу соработници, најголемите мислители од тоа време, ја составува првата „Енциклопедија“. Целта била, на едно место да се собере целокупното човечко знаење и да се пренесе на следните генерации.

Просветителството во Македонија

Во Македонија Просветителството се јавува еден век подоцна со свои специфики заради општествените прилики.
Во првата половина на XIX век Македонија била под турска власт, но Турската Империја веќе била ослабната, па затоа пашите и беговите се прогласувале за самостојни господари во своите пашалаци. Така започнале силни самоволија и малтретирања на македонското население, особено во селата. Животот таму станал толку неподнослив, што тие почнале масовно да се селат во градовите. Луѓето морале да го сменат начинот на живот и работа, па почнале да се занимаваат со занаетчиство и трговија.
До крајот на XVIII век во градовите живеело претежно турско, грчко и влашко население, но со преселбата таа ситуација се изменила. Така се појавила новата македонска граѓанска класа која била предуслов за појавата на културно-просветната дејност во Македонија. Таа класа почнува да се интересира за градење на цркви и манастири и за отварање училишта. Тие го помагаат црковното сликарство и резбарство, печарењето книги, отварањето печатници и училишта (во Скопје, Велес, Охрид, Штип, Прилеп, Куманово).

Истовремено се развива и учебникарската дејност.
Литературната дејност во првата половина на XIX век е многу скромна и по обем и по уметнички достигнувања.

Претстваници на македонското просветителство се: