Вежби лексикологија

Вежби лексикологија (лексички значења на зборовите, лексиката според потеклото, според сферата на употреба, според процесот на обновата, стилска вредност):

1. Напиши синоними за следните зборови:

мома, ружа, поаѓа, има, душман, ракоплеска

2. Како се викаат здебелените зборови во примерот:

Мојот син има 12 години.
Тој носи син шешир.

3. Употреби ги зборовите наградува и надградува во реченици.

Како се викаат овие зборови? _______________________________________

4. Употреби го зборот лак во реченици каде ќе го покажеш неговото различно значење.

Како се викаат овие зборови? _______________________________________

5. Од зададените, состави нови зборови со некоја од претставките: не-, без-, раз-, а-, анти-

среќа, зрел, свесен, жали, страстен, симетричен, фашист.

Овие зборови со спротивно значење се викаат ______________________.

6. Направи деминутивни форми од зададените зборови употребувајќи две различни наставки:

уста, стол, дете, глава

7. Пр. На едно масиште беа испоседнати сто луѓе.

Што означува и како се вика формата „масиште“ употребена во примерот?

8. Направи аугментативни форми од зададените зборови употребувајќи две различни наставки:

вол, крава

9. Пр. Во селцето живееја одвај пет семејства.

Што означува и како се вика формата „селце“ употребена во примерот?

10. Подвлечи го пејоративот во следната реченица:

Таа вошла нашла мене памет да ми соли.

11. Какво е потеклото на здебелените зборови во реченицата?

Мојата сестра има убави очи.

Мотивите во нашата литература често се многу тажни.

12. Подвлечи ги турцизмите во реченицата:

Откако го изедов бурекот сакав да запалам цигара, ама немав кибрит.

13. За следните интернационализми пронајди соодветни наши зборови:

диференцира, инкогнито, хипокрит, реноме, симултано, фундамент

14. Состави реченица (реченици) во која ќе употребиш барем два збора од твојата професионална лексика (и подвлечи ги).

15. Подвлечи ги дијалектизмите во реченицата:

Јаска им кажах да дојдат.

16. Состави кус дијалог (или реченици) во кој ќе употребиш жаргонски зборови.

17. Во следниот пример здебелениот збор се вика _________________________.

Тој за сите си остана еким, никој не го вика доктор.

18. Подвлечи ги индивидуализмот во стихот:

… таго ле неисплакана, остани горда недоустена…

19. Подвлечи го архаизмот во реченицата:

Сите млади се готват, ќе одат аскер.