Стилска вредност на зборовите

Разгледување стилска вредност на зборовите е задача на лексикологијата.
Кога заземаме позитивен или негативен однос кон лицата и предметите, зборовите добиваат поинаква стилска вредност.
За изразување позитивен однос се употребуваат:
1. Деминутиви – зборови што означуваат нешто смалено или галовно. Најчести наставки за образување се: -е, – че, – уле и -енце (На пр.: носе, столче, прстуле, раченце).
2. Хипокористици – за изразување чувствен однос.
Понекогаш со деминутивно-хипокористичките наставки може да се изрази негативен, подбивачки однос (маже), како и неутрален однос (ушно тапанче).
За изразување негативен однос се образуваат:
3. Пејоративи – означуваат нешто грдо, одвратно, за подбив. Најчести наставки се: – е, -ле, – ло, – ко (На пр.: воле, ушле, забле, вошло, смрдло, плачко, влечко).
4. Аугментативи – зборови што означуваат нешто зголемено или означуваат подбив. Најчести наставки се: -иште и -ина (На пр.: вратиште, кравиште, мажетина, краветина).
Вежби
1. Оформи деминутивни и аугментативни форми од зборовите:
уста, глава, лице, нога.
2. Состави две реченици во кои ќе употребиш пејоративи.