Апостроф (’) , надреден знак (`)

 

            Апостроф (’)
            1. Како правописен знак, апострофот се пишува на местото на изоставен глас во зборот.
            На пр.: м’гла, с’нце.
            2. На почетокот од зборот пред самогласното р.
            На пр.: ’рж, ’рти, ’ржи.
            Надреден знак (`)
            Надреден знак се пишува само во три случаи:
            1. Над самогласката е во кратката заменска форма од нас нè, за да се разликува од негацијата не.
            На пр.: Кога влеговме не нè забележаа веднаш.
            2. Над самогласката е во прилогот сè  за да се разликува од кратката заменска форма од повратната заменка себе се која често ја употребуваме со повратните глаголи.
            На пр.: Сè се случи многу брзо.
            3. Над самогласката и кај кратката заменска форма од нејзе ù за да се разликува од сврзникот и.
            На пр.: Не ù рече ништо и не ù дозволи да зборува.