Апостроф (’)

Апостроф (’) е правописен знак. 

Апострофот го користиме во следните случаи:
  • како знак дека отпаднал некој глас од зборот, најчесто во поезијата;

На пример:

Дал’ град полињата житородни ги беше фатил

(апострофот стои на местото од изоставеното и – дали?)

  • темната самогласка што е составен дел на некои сопствени именки:

На пример: В’чков; с. К’шање, Кумановско

  • се пишува на местото на изоставен глас во зборот во дијалектни зборови од нашата поезија;
На пример: м’гла, с’нце.
  • на почетокот од зборот пред самогласното р.
            На пр.: ’рж, ’рти, ’ржи.
* Треба да се прави разлика во сличните знаци како: апостроф (‘) кој има облик на запирка што стои горе, над и пред зборот; надреден знак (`), кој се користи како правописен знак за одделување на значењата на некои зборови (стои над самогласката, а цртичката е од лево кон десно) и знакот за означување акцент (од десно кон лево) кој го употребуваме само за означување акцентирани слогови кога учиме за акцент, но тој вообичаено не се пишува во  зборовите што го сочинуваат текстот.