Две точки (:), точка и запирка (;)

 Две точки (:)

            1. Две точки се пишуваат пред набројување.
            На пр.: Денес по распоред имаме: англиски, математика, хемија, историја, македонски и биологија.
            Во овој случај зад двете точки пишуваме мала буква.
            2. За директен говор, пред туѓите зборови се пишуваат две точки.
            На пр.: Томе рече: „Денес ќе си одиме порано“.
            Во овој случај зад двете точки се пишува голема буква (бидејќи го сфаќаме како друга реченица).
            Точка и запирка (;)
            1. Точка и запирка се пишува помеѓу проширени еднородни делови на реченицата, особено кога во нив има запирки.
            На пр.: На состанокот ќе дојдат: Марко, претседателот на класот; Весна, заменикот и Милена, благајникот.
            2. Точка и запирка се пишува по зависни реченици кои се однесуваат на една главна.
            На пр.: Кога ќе научиш; кога ќе ги напишеш домашните задачи; кога ќе си ја средиш собата, тогаш може да излезеш.
            3. Пред сврзниците: но, сепак, меѓутоа, може да се напише точка и запирка, особено ако во реченицата има повеќе запирки.
            На пр.: Ние му зборувавме, му укажувавме, го молевме; но ништо не помогна.
            4. Со точка и запирка се одделуваат и разни заклучоци, решенија и сл. кои се набројуваат под точки.
            На пр.: 1. ———;
                         2. ———;
                         3. ———.