Делење на зборот на крајот од редот

 

            Кога не можеме да го напишеме зборот во еден ред, го пренесуваме во друг ред, тоа преставува делење на зборот на крајот од редот.
            Зборот го пренесуваме во нов ред онаму каде што завршува слогот. Делењето се бележи со цртичка (-) во истиот ред, а во новиот ред го пишуваме само останатиот дел од зборот.

            Слоговите можат да бидат отворени и затворени.
            а) Отворени се оние слогови што завршуваат на самогласка.
       (На пр.: ра-ка)
            б) Затворени се оние што започнуваат и завршуваат со согласка.
       (На пр.: вер-ник)
            Зборот го делиме онаму каде што завршува слогот.
            1. Кога ќе се најдат две самогласки една до друга, тие се разделуваат.
            На пр.: бур-жо-а-зи-ја, пе-ат, збо-ру-ва-ат
            2. Кога ќе се најдат две согласки една до друга, тие се разделуваат.
            На пр.: кос-ка, пот-тик-ну-ва
            3. Наставките: -ски, -ство и -ствен, се пренесуваат целосно во новиот ред, без разлика дали слогот завршува на самогласка или согласка.
            На пр.: тргов-ски, чув-ство, производ-ствен,
       парти-ски, опште-ство, величе-ствен
            4. Наставките: -штво, -шки, -чки, може да се пренесат целосно, но може и да се поделат.
            На пр.: чове-штво, човеш-тво, ма-шки, маш-ки, работни-чки, работнич-ки
            5. По правило, еден глас не се пренесува во нов ред ниту останува сам во првиот ред.