Наводници („ “), загради ( )

 

            Наводници („ “)
            1. Наводници се пишуваат во директен говор, односно на почетокот и на крајот од нечии туѓи зборови.
            На пр.: Тој рече: „Денес добро се чувствувам“.
       „Денес, — рече тој — добро се чувствувам“.
            Правописно, ако реченицата завршува со точка, се пишува: наводници – па точка (“.); ако завршува со: прашалник, извичник, три точки; тогаш прво се пишуваат тие – па наводниците.(?!…“)
            На пр.: Тој праша: „Ќе дојдете кај мене?“
            2. Во наводници се пишуваат наслови на книги, песни, раскази, весници, списанија; имиња на установи, претпријатија итн.
            На пр.: Учениците од СГГУ „Здравко Цветковски“ не ја прочитаа книгата „Дон Кихот“ од Мигел де Сервантес, бидејќи ја немаа во програмата.
            3. Во наводници се пишуваат и зборовите кажани во спротивна смисла, во иронија.
            На пр.: Тој е многу „добар“. (лош)
            Загради ( )
            1. Во загради се пишуваат оние зборови, изрази или цели реченици кои дообјаснуваат нешто.
            На пр.: Тој бил во градот Малме (Шведска).
            2. Во загради се пишуваат забелешките (дидаскалиите, ремарките) во драмите.
            На пр.: Лиле (влегува од левата страна): Добар ден!