Пишување на Ј

Постојат три типа на гласот Ј според неговиот карактер:

  • функционално (фонолошко) — кога влијае на значењето на зборот: земи — земји; сто — стој;
  • нефункционално (фонетско) — испеаја, знаеја;
  • морфолошко — за обележување на границата меѓу основата на зборот и наставката: залајаа.

 

Согласката Ј се пишува

 

1. Ј се пишува пред И:

  • во суфиксот – ји: божји, кравји, рибји (но: овчи и волчи);
  • во множинските форми кај некои именки: бамји, земји, ламји, сабји, чапји, чкрапји.

2. Се пишува пред Е:

  • во почетокот на зборови со туѓо потекло: Јемен, језуит, јереј, јеромонах;
  • зад согласка во суфиксот -је: затишје, здравје, копје;
  • во наставката за збирна множина: билја, колје, нивје.

3. Се пишува пред А:

  • меѓу И и А: змија, кријам, материја, пијам, пијач, историја, Марија, Македонија;
  • меѓу О и А: боја, бројам, кројач, моја, никоја, Бојан, Стојан;
  • меѓу У и А: блујам, обујам, трујат. чујат;
  • меѓу Е и А во заемките: алеја, алинеја, епопеја, идеја, ономатопеја, турнеја; во туѓи имиња: Гвинеја, Јудеја;
  • во именки што завршуваат на -ач/-јач, ачка/-јачка: грејач, жнејачка, пејач, пејачка, сејач, живејачка; бајач, лајач, ткајачка;
  • меѓу две А: ваја, маја, одаја, Трајан;
  • во минато определено свршено време: залаја, истраја, се покаја, потраја;
  • во л-форма: залајал, истрајал, се покајал, потрајал.

4. Меѓу И и О во вокативните форми кај именките на -ија: змијо, Маријо, Македонијо; и во сложенките како: змијоглав.

5. Во множинската форма на именките: змеј, кеј, шеј — змејови, кејови, шејови.

.

6. Кога во зборот ќе се најдат три или повеќе самогласки една до друга, меѓу втората и третата се пишува Ј: доајен, досиеја, крупиеја, фоајеа;
во трето лице множина минато определено време: пееја, знаеја, умееја, ткаеја;
со мали исклучоци, се пишува меѓу првата и втората: влијае, или не се пишува: шоуа.
.
7. Кај придавки на -ски изведени од именки што завршуваат на -ј/-ја: епопеја — епопејски, плејбој — плејбојски, херој — херојски.
.
8. Во формите на заповеден начин еднина и множина кај глаголите чија основа завршува на И: пиј — пијте, криј — кријте, биј — бијте (и Е: пеј – пејте).
.
9. Во наставката на глаголскиот прилог -јќи: одејќи, пеејќи, мислејќи.
.
Согласката Ј не се пишува
.
1. Меѓу три самогласки на составот на компонентите во сложените зборови, главно од туѓо потекло: авиоиндустрија, видеоинсерт, радиоактивност.
.
2. Меѓу две самогласки, ако втората е И: бои, змии, идеи, кутии, лишаи, музеи, обичаи, партии, повои, професии, славеи, случаи, судии, турнеи,; буи, брои, крои, стои;
множинските форми: кои (од: кој), мои (од: мој), некои (од: некој), нечии (од: нечиј),  твои (од: твој), свои (од: свој), чии (од: чиј).
.
3. Пред Е во следните случаи:
  • во почетокот на зборот: елен, есен, ерес, еретик;
  • меѓу АЕ: краеви, чаеви,;
  • меѓу ОЕ: мое, некое, никое, свое, секое, твое;
  • меѓу ИЕ: вие, досие, нечие, ние, ничие, овие, тие, сечие, чие;
  • меѓу УЕ: блуе, дуе, чуе;
  • меѓу ЕЕ: вее, жнее, сее;
  • во формата за 3 л. едн. сегашно време од СУМ: е;
  • пред наставката -ец кај именските образувања изведени од имиња што завршуваат на -ија/-еја: Индиец, Кениец, Кореец; но: Индијка, Кенијка, Корејка;
  • во формата за машки род кај придавките од типот: значаен, идеен, краен, очаен, покоен, семеен, стихиен (другите форми се: значајна, -о, -и; идејна, -о, -и).

.

4. Во самогласните групи, каде втората е А:

  • береа, веам, владеат, греам, греалка, делеа, дефилеа, живеам, жнеам, завеан, зреам, леа, леат, неа, носеа, резимеа, сеалка, сеат, сечеа, смеа, стреа;
  • во формите за сегашно време чија основа завршува на -а: баам, каам, лаам, лаат, познаам;
  • во заменските форми: оваа, онаа, таа.

.

5. Меѓу самогласките И и О: биологија, емоционален, конвенционален, регионален, свиок.

.

6. Во самогласните групи каде втора е У: виулица, калиум, триумф.

.

7. Кај придавки што завршуваат со -ски, а изведени од именки на -ија: азиски, арамиски, змиски, историски.

.

8. Меѓу самогласки на составот од две компоненти во сложени зборови: антиамерикански, иако, триаголник.

.
* Најчеста грешка кај учениците од средните училишта е кај зборовите што во еднина завршуваат на Ј, а множина прават со И. Нив ги пишуваат или со Ј и во еднина и во множина, или со И во еднина и во множина.
.
Внимавајте!

еднина   

мој      
твој    
кој     
свој    
некој   
никој 

множина

мои
твои
кои
свои
некои
никои

.
На следните врски прочитајте повеќе за:
.