Правопис на броевите

 

            1. Бројот 6 се пишува со т на крајот: шест.
            2. Кај десетките: 50 – педесет, 60 – шеесет, 90 – деведесет.
            3. Кај стотките: 100 – сто, 200 – двесте, 300 – триста, потоа сите стотки ја имаат наставката: -стотини, 400 – четиристотини, 500 – петстотини, 600 – шестотини.
Исто е и кај приближните броеви: 600-700: шест-седумстотини.
            4. Се пишува: илјада; но: милион, милијарда, билион.
            5. Сложените броеви што се поврзуваат со и се пишуваат одвоено.
            На пр.: 23 – дваесет и три; 174 – сто седумдесет и четири; 1266 – илјада двесте шеесет и шест.
            6. При членување: двата (двете), трите, петте, шесте, деветте; а кај стотките е различно: стоте, двестето или двестете, тристата, четиристотините, петстотините, шестотините итн.
            7. Кај бројноста за лица: двајца, тројца, четворица; па потоа: петмина, шестмина, седуммина, осуммина итн.