Правопис на Ј, Ќ, Ѓ, Л, Љ

 

             

Правопис на Ј

            1. Ј секогаш се пишува меѓу И и А.
            На пр.: Марија, историја, Македонија
            2. Кога во зборот ќе се најдат три самогласки една до друга, меѓу последните две се пишува Ј.
            На пр.: пееја, знаеја, умееја, ткаеја
            3. Кај именките изведени од глаголи со наставката -јач.
            На пр.: пејач, сејач, скијач
            4. Се пишува во формите на заповеден начин.
            На пр.: пиј – пијте, пеј – пејте
            5. Во наставката на глаголскиот прилог -јќи.
            На пр.: одејќи, пеејќи, мислејќи
            6. Ј се пишува во еднинските форми кај некои зборови.
            На пр.: мој, кој, свој, твој, секој, некој, никој, порој
            Некој човек – еднина
            Кај овие зборови множинската форма е со И.
            На пр.: мои, твои, некои.
            Некои луѓе – множина
            * Често учениците грешат кај употребата на Ј во овие зборови. Ги пишуваат или со ј и во еднина и во множина, или со и во еднина и во множина.
Внимавајте!
еднина            множина
мој       мои
твој     твои
кој       кои
свој     свои
некој   некои
никој   никои
            7. Ј не се пишува меѓу две смогласки од кои втората е Е или И.
            На пр.: мое, мои, бои, крои, шие.
          

Правопис на Ќ и Ѓ

            1. Ќ се пишува во честичката за идно време ЌЕ.
            На пр.: ќе одам, ќе учам
            2. Ќ се пишува во наставката -ЈЌИ.
            На пр.: одејќи, спиејќи
            3. Ќ се пишува на почетокот од зборот.
            На пр.: ќебе, ќерка, ќебап, ќерамида, ќелав, ќор, ќуп;
            во средината на зборот: куќа, беќар
            4. Ќ не се пишува пред И кај туѓи зборови.
            На пр.: кибрит, килим, килибар
            5. Ѓ не се пишува пред Е во туѓи зборови.
            На пр.: ангел, Германија, генерал
      

Правопис на Л и Љ

            1. Л се пишува во зборовите: лут, клуч, клун, лупи, плука, кашла,
            но: виљушка.
            2. Пред ј не се пишува љ: волја, фотелја, Билјана, Лилјана, неволја, крилја, илјада.
            3. Во еднина: детаљ, во множина детали (придавката: детален, детаљна, детаљно).