Прашалник (?) и извичник (!)

 

            Прашалник (?)
            1. Прашалник се пишува на крајот од прашалната реченица.
            На пр.: Ќе дојдеш ли утре кај мене?
            2. Се пишува зад прашални зборови и изрази.
            На пр.: Кога?, Каде?, Зошто?
            Извичник (!)
            1. Извичник се пишува на крајот од извичните реченици.
            На пр.: Земјо моја, татковино мила!
            2. На крајот од речениците со кои се искажува построга заповед.
            На пр.: Дојди ваму веднаш!
            3. Во речениците со кои искажуваме силна возбуда.
            На пр.: Победивме во финалето!
            4. Зад извици со кои се искажуваат разни чувства или служат за имитирање на звуци или животински гласови.
            На пр.: Оф!, Леле!, Муу!, Мјау!