Почетна » македонски јазик » Граматичка структура на реченицата (реченични членови)

Граматичка структура на реченицата (реченични членови)

Реченицата има своја граматичка структура.
Таа е составена од членови, и тоа:
.
  1. Главниподмет и прирок;
  2. Неопходнипредмет (директен, индиректен, предлошки), додатоци на прирокот (за место, време, количество, цел, намера итн.);
  3. Второстепени (не се неопходни) – атрибут и апозиција (додатоци на именските зборови).
.
Главни реченични членови
.
Основен член на реченицата е прирокот. Без прирок (личноглаголска форма) нема реченица.
Но, прирокот, самиот не ја сочинува целата реченица. Ретко имаме примери кога тој стои самостојно без другите делови на реченицата. Односно, прирокот е секогаш поврзан со подметот (вршителот на дејството).
.
На пример: Снеже секој ден доаѓа порано в училиште. Се зачлени во училишниот хор. Пее. Таа навистина убаво пее…
.
Во овој врзан текст реченицата „Пее“ е сочинета само од прирокот. Но, во него е содржано сето она што го бара подметот и се согласува со него. Кога би стоела самостојно, би прашале кој пее? – и би го добиле одговорот: таа или тој. Подметот ја диктира формата на прирокот и е во тесна врска со него.
Подметот и прирокот се главни реченични членови, а прирокот е основен.
.
Неопходнии реченични членови
.
Покрај подметот и прирокот речениците содржат и други додатоци кои се неопходни и одговараат на прашањата: Кого? Што? Каде? Колку? Како? итн.
.
На пример: Снеже ја пее химната во училишниот хор.
Во овој пример, на прашањето: што пее, одговорот е: химната – тоа е предмет во реченицата; на прашањето: каде пее, одговорот е: во училишниот хор – тоа е додаток за место, итн.
Реченичните членови: директен предмет, индиректен предмет, предмет со предлог, како и додатоците на прирокот (за место, време, количество итн.) се нарекуваат неопходни реченични членови.
.
Второстепени реченични членови
.
Покрај неопходните, постојат и такви членови без кои реченицата може да опстојува и кои не влијаат на структурата на реченицата.
.
На пример: Убавата Снеже, мојата сосетка; секој ден пее во училишниот хор.
.
Зборот „убавата“ во примерот е атрибут и тој само ја надополнува реченицата, но не влијае на нејзината структура. Истото важи и за апозицијата „мојата сосетка“.
Атрибутот и апозицијата не се неопходни и претставуваат второстепени реченични членови.
.
Scroll to Top