Удвоени согласки

Слејување на удвоени согласки

 

Во нашиот јазик во составот од два дела на зборот (претставка или наставка) често доаѓаат во допир две исти согласки. Во изговорот тие два се слеале, па и се пишува само една согласка:
а) со претставки (префикси)
бестрастен, иседи, исекне, исече, исели, иситни, исуче, расади, расее, раседла, расече;
б) со наставки (суфикси)
руски, воена, камена, пламена, опозициона, ротациона;
в) кај именките на – ст во членуваната форма
болест – болеста, жалоста, радоста, (шесте).

Пишување удвоени согласки

Во многу случаи поради јасната граница меѓу деловите од зборот или за да се разликуваат по своето значење не дошло до слевање на согласките, односно ги пишуваме со две согласки:
а) удвоени согласки се пишуваат кај согласките з, с, во префиксираните зборови со без-, из-, раз-:
беззабен, беззаконие, беззаштитен, иззаборави, иззавитка, иззакачи, иззалепи, иззимува, раззаби, раззелени, разземе, раззори, НО: безвучен, безначаен, безлобен;
бессемен, бессилен, бессовесен, бессодржаен, бессолен, бессолзен, бессоница, бессочен, обессилен,, НО: бесмртен, бесмислен, бесрамен, бестрашен, бестрастен;
б) Согласките д, т, се пишуваат удвоено во сложените зборови со префиксите од-, над-, под-, пред-:
оддава, оддалеку, оддалечи, оддел, одделение, оддесно, оддивне, оддипли, оддиши, оддолжи,
наддава, наддаде, наддели,
поддава, поддаде, поддржи, поддувне,
оттаму, оттогаш, оттука, оттури, оттурне,
поттекст, поттик, потточка, поттура,
наттрча
в) Удвоено т се пишува и во членската форма на именките од женски род што завршуваат на -т:
животта, потта, пролетта, смртта;
исто така и кај челуваната форма на броевите:
петте, деветте, десетте, единаестте, дваесетте; петти(от), деветти(от).
г) Двојно ј се пишува во суперлативната форма кај придавките кои започнуваат со ј-:
најјак, најјасен, најјадар, најјужен; и кај именките: најјунак.
д) Удвоено м се пишува кај бројните форми:
седуммина, осуммина.
ѓ) Удвоено л се пишува во неколку зборови:
јамболлија, каллив, бакаллак.