Црта (тире)(—) , цртичка (-)

 

             Црта (тире) (—)
            1. Црта се употребува наместо наводници во директниот говор.
            На пр.: — Каде си тргнала? — праша Мирко.
                                    — Никаде, — одговори Каролина.
            2. Црта се пишува пред збор, израз или цела реченица што сакаме да ја истакнеме.
            На пр.: Тој научи за денес, ама — попусто, професорот не го праша.
            3. Црта се става и на местото од испуштени зборови.
            На пр.: Ние за волкот — а тој на врата.
            4. Црта се става пред показната заменка тоа кога се поврзуваат именскиот прирок и подметот.
            На пр.: Зависта — тоа е најлошата човекова особина.
            5. Пред показните честици: еве, ене, ете и пред показните заменки: тоа, ова, она, се пишува црта кога со нив опфаќаме некое набројување.
            На пр.: Чистиот воздух, прошетките и вежбите — тоа е мојот доручек.
            6. Меѓу броевите наместо предлогот до може да се напише црта.
            На пр.: Тие работат од 10 до 12 (или: 10 — 12) часот.
            7. Црта се пишува и меѓу две места за да се означи правецот на движењето од едното до другото место.
            На пр.: Вечерва се случи сообраќајна несреќа на патниот правец Скопје — Велес.
            Цртичка
            8. Сложенките кои го чуваат своето самостојно значење се поврзуваат со цртичка.
            На пр.: предлог-закон, жиро-сметка, охридско-преспански, три-четири итн.
            9. Помеѓу двојни презимиња се пишува цртичка.
            На пр.: Марија Матовска-Стојановска.
            10. При префрлувањето на зборовите во друг ред, пишуваме цртичка.