Безлични реченици

Безлични се оние реченици кај кои прирокот не отвара место за подмет. Тој може да се поврзува со другите реченични членови (на пр. со предметот) – но не со подметот.
Разликуваме:
1. Безлични реченици со глаголски прирок.
На пр.: Грми. Студи. Врне.
Кај некои од овие реченици дејството може да се поврзе со лице, па тогаш употребуваме и кратка заменска форма.
На пр.: Ми студи.
Безлични реченици може да се образуваат и со глаголи кои може да се менуваат по лица:
На пр.: Тука се јаде добро.
На таа тема не се зборува.
Или со кратка заменска форма:
Ми се јаде; Не ми се зборува…
Безлични реченици, уште наречени и егзистенцијални, се образуваат и со глаголот има/нема:
На пр.: Има вечера за сите.
Нема правда!
2. Безлични реченици со глаголско-именски прирок.
Ништо не ми е!
Беше ноќ.
Сосема е разденето.
Така требало да биде.