Видови есеи

– компаративен – каде се споредуваат две нешта  (со нивните сличности и разлики);
– критички – може да биде позитивен или негативен; 
– дедуктивен – каде прво се дава претпоставката, па доказот и на крајот заклучокот;
– дефинирачки – каде се претставува терминот што ќе се дефинира, се даваат основни информации за него, и на крајот се даваат примери или експерименти;
– истражувачки – овој есеј се започнува без да се знае завршетокот, служи повеќе за да се научи отколку за да се каже што се знае;
– објаснувачки – се презентира и прифаќа туѓото мислење и став;
– неформален – слободен, кој не служи за официјална употреба и во него се дадени послободни ставови и е напишан со разговорен јазик, во слободен стил;
– персонален (личен) – ова е најчесто мотивирачко писмо кое служи за вработување, каде се претставуваме себеси, нашите квалитети, знаења, познавања, интереси, но каде треба да напишеме и такви нешта со кои ќе се издвоиме од останатите и што ќе предизвикаат интерес кај работодавецот, односно ќе го мотивираме да нè вработи нас, а не некој друг;
– раскажувачки – слободен состав на некоја тема, во кој раскажуваме некоја случка, опишуваме луѓе од нашата околина, итн.;

– литературен – во кој даваме осврт на некое литературно дело: роман, расказ, песна итн. Овој есеј најмногу се користи во наставата по македонски јазик и литература, за писмени работи, лектири, осврти кон песни и сл.