Негација

Негација значи негирање, одрекување.
Сите видови реченици може да ги негираме. 
Одрекуваме кога некое дејство не се извршило, не се врши или нема да се врши.
Негираме со:
  1. честичките: не, ни и ниту;
  2. одречните заменки, заменски придавки и прилози: никој, ништо, ничиј, никаков, никаде, никогаш, никако;
  3. со некои префикси: не- (непријател); без- (безмилосен); како и некои префикси прифатени од туѓите јазици: а- (анемичен); де- (деконцентрира).
Разликуваме неколку видови негација:
  1. Во зависност од бројот на одречните зборови во реченицата се разликуваат: еднократна и повеќекратна негација.
На пр.: Тој не ја напиша лектирата. (еднократна негација)
Повеќекратната негација се јавува во различни видови:
а) со повеќе реченични членови – Никој ништо не ми кажа.
а) двојна негација – Ништо не смее да направи без нејзина дозвола.
б) заемно поништување на негацијата – Не можеш да не кажеш. (значењето е дека – мора да кажеш).
  1. Во зависност од тоа дали го негираме прирокот или некој друг член од реченицата: разликуваме: реченична (прирокот) и членска (друг член од реченицата).
За македонскиот јазик е карактеристична реченичната негација зашто и кога негираме некој друг член тоа го поврзуваме со прирокот – односно со целата реченица.
На пр.: Не дојдоа на прославата.
На прославата ни тој ни неговите другари дојдоа.
3. Покрај негирањето како во претходните примери, може да се негира и со зборови со вградена негација: заборави (не се сети), ретко (не е често), спречи (не дозволи) итн.