Михаил Шолохов „Судбината на човекот“

Михаил Александрович Шолохов (1905-1984)

Михаил Шолохов (1905 – 1984)

Шолохов е роден во Кружилино, во козачката област Вешенска. Образованието го стекнувал со прекини заради Октомвриската револуција, Граѓанската војна, Првата светска војна.
Во Москва отишол 1922 година со надеж дека ќе го продолжи образованието, но немал средства, па морал да работи како градежен работник и сметководител.
На осумнаесетгодишна возраст го објавува својот прв текст во весник и од тогаш не може да се одвои од литературата.
Пишува раскази собрани во збирките „Донски раскази“ и „Лазурна степа“ кои се основа за неговите подоцнежни големи дела: „Тивкиот Дон“ и „Разорана целина“.
Целото негово творештво е обземено со судбината на Козаците во текот на Октомвриската револуција.
  • Козаците се специфична руска платена војска која се појавила кон крајот на 17 век. Во феудализмот, царот им доделил имоти и ги плаќал селаните кои ќе ја чуваат границата на Царска Русија. Својата слобода тие ја откупиле на тој начин што секогаш кога имало потреба биле во првите борбени редови. Биле способни војници, претежно коњаници, кои ја населиле областа околу реката Дон. Во Октомвриската револуција (1917) се руши старото уредување и царот, а со тоа и традиционалната козјачка војска.
Шолохов, 1966 година ја добива Нобеловата награда за романот „Тивкиот Дон“.

 

Судбината на човекот
(Рускиот филм „Судбината на човекот“  може да им помогне на учениците при обработката на делото, бидејќи го прикажува вистинскиот амбиент, актерот е добро избран и нема отстапувања од оригиналната содржина на расказот)

„Судбината на човекот“ е расказ за обичниот руски војник и неговата судбина во текот на Втората светска војна.

Иако во него се среќаваме со грозни нехумани ситуации, сепак, во целиот расказ провејува топлина, хуманизам, добрина.

Нараторот е главниот лик, Андреј Соколов, кој полека, без вознемирување му го раскажува својот живот на еден непознат човек со кого случајно се сретнува чекајќи да дојде сплав за минување на реката.

Расказот започнува со човекот кој ќе ја ислуша „судбината“ на патникот со малото детенце и кој на крајот ќе срони машка солза, но кој, исто така, ќе се наполни со надеж – надеж дека човек иако може да загуби сѐ, сепак ќе изнајде начин да живее, да продолжи, да биде уште похуман од порано, да им помага на тие околу себе – така осмислувајќи си го животот.

За содржината на расказот прочитај повеќе на следнава ВРСКА.

Можеби ќе те интересира нешто повеќе за главниот лик од расказот. За него можеш да прочиташ во текстот наменет за писмена работа на следнава ВРСКА.