Административен стил

Административен стил уште се вика и деловен и се употребува при официјално-деловното комуницирање меѓу државите, институциите во една држава, во рамките на институциите и меѓу граѓаните и државата.
Во административен стил се разликуваат три потстила:
            1. Дипломатски – се употребува во меѓудржавното комуницирање преку договори, спогодби, ултиматуми, ноти, декларации итн.
            Специфични термини за овој стил се: акредитив, коминике, гест на добра волја, тркалезна маса итн.
            2. Законодавно – правен  – се употребува во комуникацијата меѓу држвата и граѓаните преку закони, акти, решенија, пресуди итн.
            Специфична терминологија: член, алинеа, анекс, параграф, пресуда, обвинет, бранител итн.
            3. Деловен  – се употребува во канцелариите, за деловно комуницирање на два субјекта.
            Специфична терминологија: молба, жалба, барање, уверение, полно-
мошно, долупотпишаниот, горенаведениот итн.