Матурски прашања за „Бели мугри “ (8.2011)

Матурскиот тест од август 2011 ја содржеше следнава задача за „Бели мугри “:

 

Прочитај ја песната „Печал“ од Кочо Рацин и одговори на поставените прашања.

Печал

Нема ли живот, нема ли
љубов за живот голема,
љубов за живот човечна
у вија гради аргатски?

Нема ли срце, нема ли
срце – на срце срцето,
срце – ширини широко
срце – длабини длабоко –
цел свет да збере, па да е
за вија гради малечко?

Нема ли бел ден, нема ли
ден да е над деновите,
ден да е на аргатите –
ден – сонце вишен високо
ден – море ширен широко,
сонце да запре, да стои
и времето зачудено:

срцето пука обрачи
и плиска знаме алово,
срцето што се отвара
и шири ширно широко –
целиот свет да загрне!

1. Песната „Печал“, според мотивот е:
а) аргатска; б) револуционерна; в) љубовна.

Одговор:

а) аргатска


2. Лирското јас во песната копнее за:
а) подобар живот; б) социјална правдина; в) љубов.

Одговор:

а) подобар живот


3. Песната „Печал“ припаѓа на стихозбирката:
а) „Антологија на болката“; б) „Пеш по светот“; в) „Бели мугри“.

Одговор:

в) „Бели мугри“


4. Во последната строфа е употребена стилската фигура:
а) анафора; б) алегорија; в) персонификација.

Одговор:

б) алегорија


5. Песната е напишана во:
а) осмерец; б) десетерец; в) дванаестерец.

Одговор:

а) осмерец


6. К. Рацин својата поезија ја пишувал инспириран од:
а) поезијата на романтизмот; б) македонската народна поезија; в) поезијата на симболизмот.

Одговор:

б) македонската народна поезија

 

Матурските прашања се од страницата за матура.