Анѓелко Крстиќ („Трајан“)

Анѓелко Крстиќ (1871 – 1953)

 

Анѓелко Крстиќ е роден е во село Лабуништа, Струшко, каде и починал.
Се школувал во Белград, а потоа како учител во српска служба учителствувал во повеќе мали места во Македонија.
Пишувал раскази, патеписи, напишал една драма и еден роман: „Трајан“. Своите дела ги пишувал на српски јазик.

 

Трајан

 

Во романот „Трајан“ се опишани четириесет мачни печалбарски години на главниот лик.
Дејствието на романот започнува уште од времето на Турците, кога малиот Трајан работи како измеќар, за корка леб, а потоа заминува на печалба. Секаде го следи болната и мачна судбина на страдалник-печалбар.

Кога започнуваат војните, прво Балканските, а потоа и Светската – тој учествува во нив. Го доживува и ослободувањето од Османлиите, но по нив – во неговата татковина ништо не се променува. Неостварените соништа ги остава на својот син.

 

Македонци кои пишувале на други јазици (дводомни писатели)

 

Меѓу двете светски војни имеме една група писатели Македонци кои пишувале на други јазици. 

Фактот дека не постоел литературен македонски јазик, различните места на живеење, како и влијанието на разните пропаганди, придонел за вакавата појава.

Освен Анѓелко Крстиќ, попознати вакви писатели се:

Никола Јонков Вапцаров,

Коста Абрашевиќ,

Христо Смирненски,

и други.