Матурски прашања (акцент)

Матурски прашања од областа акцент.

Прашања за повторување и вежбање
(голем дел се адаптирани од матурските тестови):

1. Македонскиот акцент е:
а) статичен и определен; б) диманичен и определен; в) слободен.

Одговор:

б) диманичен и определен


2. Дополни ја дефиницијата за акцентот во македонскиот јазик со еден од понудените одговори.
По однос на местото акцентот во македонскиот јазик кај трисложните и повеќесложните зборови паѓа на:
а) третиот слог од крајот на зборот; б) последниот слог од зборот; в) првиот слог од зборот.

Одговор:

а) третиот слог од крајот на зборот


3. Отстапување од третосложното акцентирање во македонскиот стандарден јазик има кај:
а) глаголската именка; б) глаголската придавка; в) глаголскиот прилог.

Одговор:

в) глаголскиот прилог


4. Акцентски целости се:
а) сите акцентирани зборови; б) кога се отстапува од правилото за акцентирање; в) група зборови подведени под еден акцент.

Одговор:

в) група зборови подведени под еден акцент


5. Акцентот кај глаголскиот прилог во македонскиот стандарден јазик паѓа на:
а) последниот слог; б) вториот слог од крајот на зборот; в) третиот слог од крајот на зборот.

Одговор:

б) вториот слог од крајот на зборот


6. Кај кои од следните зборови има отстапување од правилото за третосложно акцентирање:
литература, читајќи, седнува, одење, решо, апсана, зимува, малкунѕа

Одговор:

литература, читајќи, решо, апсана, малкунѕа


7. Акцентската целост „не-сум-ја-видел“ е:
а) акцентска целост со енклитика; б) акцентска целост со проклитика; в) акцентска целост со полнозначни зборови

Одговор:

б) акцентска целост со проклитика


8. Акцентската целост „давајќи-му-го“ е:
а) акцентска целост со енклитика; б) акцентска целост со проклитика; в) акцентска целост со полнозначни зборови.

Одговор:

а) акцентска целост со енклитика


9. По однос на местото, акцентот во македонскиот јазик кај трисложните и повеќесложните зборови паѓа на:________________________________.

Одговор:

третиот слог од крајот на зборот


10. Во народната поговорка „Крушата под круша паѓа“, треба да се изговори:
а) акцентска целост од два полнозначни збора; б) акцентска целост со проклитика; в) акцентска целост со енклитика.

Одговор:

б) акцентска целост со проклитика


11. При правилен изговор на следната реченица: „Ќе дојдам со тебе.“ треба да образуваме:
а) акцентска целост со проклитика; б) акцентска целост со енклитика; в) акцентска целост со два полнозначни збора.

Одговор:

а) акцентска целост со проклитика