Матурски прашања (лексикологија)

Матурски прашања од областа на лексикологијата
Прашања за повторување и вежбање
(голем дел се адаптирани од матурските тестови):

1. Зборовите основа и база се:
а) хомоними; б) пароними; в) синоними.

Одговор:

в) синоними


2. Одговори каков вид лексика е употребена во следниве стихови од Конески:
Нам нешто не ни е таман
како да молиме аман!
а) книжно-литерарна; б) разговорна; в) општонародна (неутрална).

Одговор:

а) книжно-литерарна


3. Одговори на кој вид лексика припаѓа зборот типче.
а) дијалектна лексика; б) терминолошка лексика; в) жаргонска лексика.

Одговор:

в) жаргонска лексика


4. Во реченицата: „Гоце цело утро го поправа печатачот“ употребен е:
а) архаизам; б) историзам; в) неологизам.

Одговор:

в) неологизам


5. Зборот терзија е:
а) архаизам; б) историзам; в) неологизам.

Одговор:

а) архаизам


6. Во реченицата: „Типката е кул“ е употребена:
а) дијалектна лексика; б) терминолошка лексика; в) жаргонска лексика.

Одговор:

в) жаргонска лексика


7. Првата именка во реченицата: Дечиштана му го скршиле прозорецот на соседот, претставува:
а) пејоратив; б) деминутив; в) хипокористик.

Одговор:

а) пејоратив


8. Именката мажиште претставува:
а) деминутив; б) хипокористик; в) аугментатив.

Одговор:

в) аугментатив


9. Зборовите непријател и душман претставуваат:
а) антоними; б) синоними; в) хомоними.

Одговор:

б) синоними


10. Во која група лексички зборови ќе го ставите зборот „азно“?
а) неологизми; б) англизми; в) турцизми.

Одговор:

в) турцизми


11. Напиши антоним на зборот пријател.

Одговор:

непријател, душман


12. Запиши го антонимот на зборот напад.

Одговор:

одбрана


13. Зборовите каменче и моливче се:
а) деминутиви; б) хипокористици; в) пејоративи.

Одговор:

а) деминутиви


14. Според потеклото, зборовите ректор и театар се:
а) варваризми; б) неологизми; в) интернационализми.

Одговор:

в) интернационализми


15. Кај зборовите патент (затворач) и патент (изум) се среќава појавата _________.

Одговор:

хомоними / хомонимија


16. Зборовите снежец и годинка претставуваат:
а) деминутиви; б) хипокорисници; в) пејоративи.

Одговор:

а) деминутиви


17. Зборовите метален / ментален се:
а) хомоними; б) пароними; в) синоними.

Одговор:

б) пароними


18. Зборот свеќичка спаѓа во видот:
а) деминутиви; б) хипокорисници; в) пејоративи.

Одговор:

а) деминутиви


19. Одговори каков вид лексика е употребена во следниве стихови од Конески:
Нам нешто не ни е таман
како да молиме аман!
а) книжно-литерарна; б) разговорна; в) општонародна (неутрална).

Одговор:

а) книжно-литерарна