Матурски прашања (фонетика и фонологија)

Матурски прашања од областа фонетика и фонологија.

Прашања за повторување и вежбање
(голем дел се адаптирани од матурските тестови):

1. Во македонскиот стандарден јазик бројот на слоготворните гласови е:
а) 5; б) 6; в) 7.

Одговор:

б) 6 (петте самогласки и самогласното р)


2. Бројот на согласките во македонскиот стандарден јазик е:
а) 24; б) 25; в) 26.

Одговор:

в) 26


3. Во македонскиот јазик освен петте вокали, слоговна функција може да врши и: _______

Одговор:

р


4. Во кој збор во реченицата „Ќе го пронајдам црвениот камен на громот“ согласката р е слоготворна? ____

Одговор:

црвениот


5. Согласките б, п, м, в, ф, според местото на образување се:
а) забновенечни; б) венечни; в) уснени.

Одговор:

в) уснени


6. Гласовите р л љ м н њ ј претставуваат:
а) сонанти;б) безвучни консонанти; в) вокали.

Одговор:

а) сонанти


7. Определи која гласовна промена е забележана во следниве стихови од Ванчо Николески:
Еве ја мојата куќичка ниска,
на срце топла, мила и блиска!
а) Едначење по звучност; б) Обезвучување на крајот на зборот; в) Редување.

Одговор:

а) едначење по звучност


8. Во зборовите војвотка, тешка, свадба е регистрирана појавата:
а) обезвучување на крајот на зборот; б) едначење по звучност; в) редување.

Одговор:

б) едначење по звучност


9. Во зборовите сосетка и претчувство е застапена гласовната промена:
а) редување. б) едначење по звучност. в) елизија.

Одговор:

б) едначење по звучност


10. Одговори во кој збор на реченицата: Отсекаде се чуја плачови и пискот силен; може да се забележи појавата едначење на согласките по звучност.____________________

Одговор:

отсекаде


11. Замени ги првите согласки во дадените глаголи со нивните звучни парници и запиши ги така добиените зборови. пара, кине ________________

Одговор:

бара, гине


12. При изговорот на зборовите нож, ориз, дојдов се регистрира појавата на:
а) едначење по звучност; б) обезвучување на крајот на зборот; в) редување (замена) на гласовите.

Одговор:

б) обезвучување на крајот на зборот


13. Во именките рака, раце и раченце ја имаме гласовната промена:
а) обезвучување на крајот на зборот; б) едначење по звучност; в) редување (замена на гласовите).

Одговор:

в) редување (замена на гласовите)


14. Кога од именката чешел се образува множинска форма доаѓа до гласовната промена:
а) обезвучување. б) редување. в)елизија.

Одговор:

в) елизија


15. Во кој збор во реченицата „Постоеше страв и некоја закана“ се среќава гласовната појава обезвучување на звучните согласки на крајот од зборот? ______________.

Одговор:

страв


16. Напиши ги формите за женски и за среден род од придавката сладок. ______________________.

Одговор:

слатка, слатко


17. Определи која гласовна промена е присутна во реченицата: Дојдов, видов, победив.
а) Едначење. б) Испуштање. в) Обезвучување. г) Обезначување.

Одговор:

в) обезвучување