Христо Смирненски („Црвените ескадрони“)

Христо Смирненски (1898 ̶ 1923)

 

Христо Димитров Измирлиев е роден на 29 септември 1989 година во Кукуш. (Татко му бил од Кукуш, а мајка му охриѓанка.) Псевдонимот Смирненски го извел според презимето – од градот Измир кој на словенски е Смирна. Во родното место го завршува основното образование, а првите два класа гимназија во Софија. Но, од финансиски причини принуден е да се врати во Кукуш, каде го продолжува образованието, но и му помага на татка си во слаткарскиот занает. Тука останува до својата петнаесетгодишна возраст, барајќи начини да си го продолжи образованието. Но, избувнуваат Балканските војни кои го опустошуваат Кукуш, па целото семејство било принудено да бега. Се преселиле во Софија каде им помогнале нивните роднини и пријатели.

Во Софија, Христо учи техничко училиште и воено училиште и се запишува на Правниот факултет. Живеејќи во софискиот работнички реон Јучбунар, тој одблизу се запознал со бедата и социјалните неправди, но и со револуционерните идеи. Станал комунист, а лично се познавал со Димитар Благоев и Георги Димитров.

Умира многу млад, на 25 години од тифус и туберкулоза.

Живеејќи во Бугарија, својата поезија ја пишувал на бугарски јазик и се сметал за еден од најреволуционерните бугарски поети, заедно со Христо Ботев.

Неговата поезија е речиси целосно ангажирана – задоена со црвената пролет, тој пишува за угнетените и обесправените, но верува во нивната борба, нивната сила и победа.

Единствената стихозбирка „Да биде ден“ ја објавил во Софија 1922 година.

Песната „Црвените ескадрони“ е типична за неговото творештво, инспирирана од победата на советската Црвена армија која го срушила царскиот режим, создавајќи ново, социјалистичко општество.

 

Црвените ескадрони

 

Ах, летајте ескадрони! Погледот ваш милиони

Погледи го следат сега со надеж топол лик

Свил десница тврда, здраво, цел свет денес крева глава

Вивнат, тргнат ии маѓепсан од победниот ви вик

Изненадно в уплав нека падне црна зграда сека

Од неправди светски збрани, на задушен крик во бол

И човекот штом се врати зад отворени врати,

Мртви да се сите стари химери од закон зол

Ах, летајте сред тој колеж, сред дожд огнен плиска в поле,

Вие – виор, предвесници на дни светли во светол крај!

 

 

Песната според мотивот е револуционерна и во неа е прикажан восхитот од победата на „предвесниците на дни светли“ со надеж дека такви дни ќе дочекаат сите угнетени и поробени народи во светот.

 

Стара приказна

 

Го минав јас црниот каменит мост

низ сребрени снопови сјај,

и еве ме туѓинец, еве ме гост

во студен и непознат крај.

 

Покрај мене севезден плискоти бран

во страден и грчовен сон,

поминува илјаден посивен џган

со песни и празничен ѕвон.

 

И секој е тука и мудар и прв,

и сите се страшливци пак,

минуваат така, пролеваат крв

од срца бесчувствени траг.

 

Еј, вие, во искушенијата каде,

кој страшен ви бележи круг?

Празнувате лажно, без цел и без надеж,

не знаете еден за друг…

 

Колоната ваша сѐ така е в тек

со пискоти пијани, зли,

над море од глави си стои на штрек

тој – слепиот, непознат џин.

 

На својата џиновска сила под стегот

тој спроводи гостин по гост,

и секој под прстот што поминал негов

се враќа по црниот мост.