Матурска програма и прашања за вежбање (јазик)

Матурска програма и прашања од матруските тестови за вежбање од областа македонски јазик:

I ЈАЗИК

1. НАУКА ЗА ЈАЗИКОТ
1.1. Национален јазик
1.2. Дијалектен јазик
1.3. Стандарден јазик
1.4. Видови писма

2. ИСТОРИСКИ РАЗВИТОК НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
2.1. Почетоците на словенската писменост;
2.2. Македонскиот јазик во семејството на јужнословенските јазици;
2.3. Погледите за македонскиот јазик на Пејчиновиќ, Синаитски, Крчовски, Пулевски и Џинот (избор текстови)
2.4. Погледите на К. П. Мисирков за македонскиот јазик — „За македонцките работи“;
2.5. Улогата на Б. Конески во кодификацијата на македонскиот литературен (стандарден) јазик.

3. ФОНЕТИКА И ФОНОЛОГИЈА
3.1. Гласовни промени. Едначење по звучност; елизија.

4. АКЦЕНТ
4.1. Акцентот во македонскиот литературен (стандарден) јазик
4.2. Акцентски целости

5. ПРАВОПИС
5.1.Употреба на голема буква
5.2. Слеано и разделено пишување на зборовите
5.3. Делење на зборот на крајот од редот
5.4. Скратеници и скратување на зборовите
5.5. Интерпункција — интерпункциски и правописни знаци

6. МОРФОЛОГИЈА И МОРФОСИНТАКСА
6.1. Зборовни групи
(од морфолошки, лексичко-семантички и синтаксички пристап); Функцијата на зборовите во исказ

7. ЛЕКСИКОЛОГИЈА
7.1. Основни типови лексички значења на зборовите

8. СИНТАКСА
8.1.Реченица (проста)
8.2. Сложена реченица
8.3.Редот на дел-речениците во исказот

9. ФРАЗЕОЛОГИЈА
9.1. Фразеологизми

10. СТИЛИСТИКА
10.1.Функционално раслојување на јазикот — функционални стилови

11. ДИЈАЛЕКТОЛОГИЈА
11.1. Значењето на дијалектниот јазик во функција на стандардниот македонски јазик.

ОНОМАСТИКА

не спаѓа во испитната програма, но до сега имаше две прашања за темата:

1. Ономастика е дел од науката за јазикот што ги проучува:
а) општите именки;
б) сопствените имиња;
в) фразеологизмите.

Одговор:

б) сопствените имиња


2. Науката која ги проучува сопствените имиња се вика

Одговор:

ономастика