Матурски прашања (стилистика)

Матурски прашања од областа стилистика.

Прашања за повторување и вежбање
(голем дел се адаптирани од матурските тестови):

1. Реченицата: Молекулата на вода се состои од два атома на водород и еден атом на кислород, спаѓа во:
а) административен стил; б) публицистички стил; в) научен стил.

Одговор:

в) научен стил


2. Определи кој функционален стил се препознава во следниот текст: Езерото е моја икона / Чунот моја харфа / Од дното се крева / Асоцијативно време.
а) уметничко-литературен стил; б) публицистички стил; в) научен стил; г) разговорен стил.

Одговор:

а) уметничко-литературен стил


3. Кој функционален стил го препознаваме во една репортажа?
а) научен; б) публицистички; в) административен.

Одговор:

б) публицистички


4. Кој функционален стил се користи при комуникацијата на социјалните мрежи?
а) уметничко-литературен стил; б) публицистички стил; в) научен стил; г) разговорен стил.

Одговор:

г) разговорен стил


5. Каков функционален стил е употребен во документите, молбите, барањата и сл.?
а) административен стил; б) публицистички стил; в) научен стил; г) разговорен стил.

Одговор:

а) административен стил.