Сергеј Есенин – избор песни

Сергеј Александрович Есенин (1895-1925) е познат руски поет, кој минал сиромашно детство, но бурно и боемско младештво. За својот краток, триесетгодишен живот се оженил четири или петпати, а најмногу светско внимание привлекла врската со познатата барелина Исидора Данкан. Иако била 17 години постара од него , тој во неа гледал божица и совршенство, а таа во него и ангел и ѓавол. Макар што била страсна и силна, ни оваа љубов не трале долго во животот на Есенин. Интересна е што смртта и на двајцата се поврзува со долгите шалови на Исидора кои биле нејзин заштитен знак. Есенин се самоубил пресекувајќи ги вените и обесувајќи се со шалот подарен од Исидора (ако некои нови документи укажуваат дека не било извршено самоубиство); а години подоцна, Исидора умира возејќи се во автомобил каде долгиот шал се заплеткал во тркалото и ја задавил.

Поетиката на Есенин е имажинизмот, односно основата на неговата поезија е поетската слика. Тој се приклучил кон движењето, но никогаш не бил поет само на сликата натопена во бои и мелодии. Неговата поезија блика со човечка топлина и емоции.

 

Песна за кучката

 

Кај што в зори грмушки шумат

и треперат трските редум

сеум ги окучи кучката

окучи жолти седум.

 

До ноќта ги љубеше нежно,

ги лижеше влакната млади,

и течеше тиок снежец,

од топлите мајчини гради.

 

А навечер кога кокошките

спијат на крушата добра

излезе стопанот намуртен

седумте в вреќа ги собра.

.

А таа по трагот му трчаше

по нозете одвај што одат.

И долго, о долго трепереше

несмрзнатата студена вода.

 

А кога се влечеше назад

лижејќи ја потта што гори

едно од нејзините кученца

месецот жолт ѝ се стори.

 

Па гледаше долго во сводот

што растеше рамен над снегот

а месецот забрза танок

се изгуби негде зад брегот.

 

И тихо, како на питач

кога камен му потфрла некој

двете очи кучешки паднаа

како сјајни ѕвезди во снегот.

 

 

Што сум? Кој сум?

 

Што сум? Кој сум? Сонувач сум само

Чијшто поглед гасне во магла и мемла

Живеев, така патем, ко во сништа

Како многу други луѓе на оваа земја.

И тебе те љубам, сега, по навика дете

Зашто пред тебе многу љубев болејќи

Ко што цигара палам по навика ете

Ти зборувам и шептам за љубов трептејќи.

„Засекогаш“, и „љубена“ и „ќе те помнам довек…“

А душата пустош иста ја обзема

Ако со страст допреш срце на човек

Вистина, без сомнеж, да пронајдеш нема.

Па душата моја веќе не знае за ежа

На одбиени желби, неразбрана тага

Ти си моја вита, леснонога бреза

Створена за мене и на други драга.

Но тражејќи така сродна една душа

Врзан против желби, тонам в сета болна

Никогаш со љубомора нема да те здушам

Никогаш да те обвинам нема ниту колнам.

Што сум? Кој сум? Сонувач сум само

Чијшто поглед гасне во магла и мемла

И те сакам, така патем, ко во сништа

Како многу други луѓе на оваа земја.