Егзистенцијализам
Претставници се: Жан Пол Сартр и Албер Ками.
Во романот „Странецот“ од Албер Ками е прикажано современото отуѓување на човекот од општеството и бесмислата на живеењето. Главниот лик во романот – Мерсо, е човек на новото време, отуѓен од општеството неприфаќајќи ги неговите норми, атеист по убедување. Тој е слободен човек, со можност за слободен избор. Неговиот проблем е во сфаќањето на таа слобода бидејќи станува незаинтересиран за сè што се случува околу него. Смета дека човековиот живот е безвреден и дека е сеедно како ќе се живее зашто и така мора да се умре. За него е сеедно дали ќе ја види за последен пат мртвата мајка, дали ќе пие кафе и ќе пуши цигари додека и се оддава последна почест, дали ќе се ожени со Марија или не. Сѐ му е сеедно.