Прво Кино Кабаре во Битола за аматерски кратки видеа

Во Битола во период од два последователни викенда, во организација на Здружението ФОРУМ 16, ќе се организира првото Кино Кабаре.
Програмата за првиот викенд (5, 6 и 7 октомври) ќе се фокусира на запознавање на учесниците и формирање тимови, како и работилници со стручни лица за техничките аспекти на филмот и за промовирање на човековите права преку визуелните уметности. За време на вториот викенд (12, 13 и14 октомври) учесниците ќе се соберат на тридневен настан за време на кој ќе работат заедно за да подготват, произведат и прикажат кратки видеа.

Учесниците ќе можат да бидат дел од тим како продуцент, режисер, актер, кинематограф, монтажер и друго.


Заинтересираните за учество на првото Кино Кабере во Битола можат да се пријават пополнувајќи ја апликацијата најдоцна до 24 септември 2018 година на следната ВРСКА.