Белина (празно место)

Белина (празно место) е правописен знак.

Белина се употребува:
  • помеѓу зборовите за означување крај на зборот;

На пример: Денеска е многу студено.

  • зад интерпункциските знаци: точка, запирка, точка и запирка, две точки, три точки, прашалник и извичник.
  • кај датумите, ако месецот е напишан со римски број: 29.X 2018 г.;
  • кај скратувањата, помеѓу два или повеќе скратени збора: и др., и сл.;
  • помеѓу иницијали: Ј. Х. К. Џинот;
  • при математички операции, пред и зад знакот: 22 — 12 = 10;
  • меѓу бројот и знакот на мерната единица: 25 кг, 30 °C;

(Ако се обележува степен на агол или географска ширина, тогаш не се остава празно место меѓу бројот и знакот:

На пример: агол од 45°).

  • меѓу бројот и знакот за процент или промил: 5 ‰;
  • меѓу бројот и ознаката за паричната единица: 200 МКД, 100 €;
  • пред и зад знакот за параграф: в. § 5.
Белина не се употребува:
  • пред реченичните знаци: точка, запирка, точка и запирка, две точки, три точки, прашалник и извичник;
  • помеѓу наводниците, полунаводниците, заградите и текстот што е во нив;

На пример: Не го прочтав романот „Крпен живот“.

  • меѓу десниот наводник, полунаводник, вториот дел од заградата и знакот што следува по нив;

На пример: „Дојдете веднаш!“, рече таа и ја тресна вратата.

  • кај скратувањата, меѓу двете компоненти на сложен збор или полусложенка: т.н. (таканаречен), зам-дир. (заменик-директор).
  • пред и зад косата црта кај сложените мерни единици и дропките: 60 км/час, 4/5.
  • зад запирката кај децималните броеви: 3,14.
  • меѓу бројот и ознаките за позитивен и негативен број: -4, +20.
  • зад двете точки при одвојување часови од минути и минути од секунди: 19:30 часот, 3:22 минути.
  • кај апострофот пред самогласното р: ‘ржи, ‘рти.
  • кај датумите, меѓу составните делови, ако месецот е напишан со арапска цифра: 30.10.2018 г.