Вежби за глаголски вид

Глаголски вид е граматичка категорија на глаголите.

Со глаголите се искажува дејство кое може да трае подолго или да заврши во истиот миг. Во зависност од ова разликуваме свршени и несвршени глаголи.

 

Вежби

 

А.Глаголите многу често се изведуваат од други зборови.
1. Образувајте глаголи со наставката -УВА од следните зборови: пат, зима, ноќ, глад, лето, цар, дар, мил.

Какви се според видот глаголите што ги образувавте?

одговор

патува, зимува, ноќева, гладува, летува, царува, дарува, милува

Глаголите се несвршени.

(Проверка: патуваше, ноќеваше, гладуваше, царуваше, даруваше, милуваше)

2. Образувајте глаголи со наставката -И од зборовите: грев, ред, белег, дел, сол, цена, пазар, жал, весел, лут.

Какви се според видот глаголите што ги образувавте?

одговор

греши, реди, бележи, дели, соли, цени, пазари, жали, весели, лути

Според видот, глаголите се несвршени.

(Проверка: грешеше, редеше, бележеше, делеше, солеше, ценеше, пазареше, жалеше, веселеше, лутеше)

Б. Често од еден вид глагол се образува друг.

1. Направи НЕСВРШЕНИ од следните свршени глаголи:

седне, погледне, легне, тропне, летне, земе, пушти, фрли, фати, плати, најде, умре, удри, запре, даде
одговор

седнува, погледнува, легнува, тропнува, летнува, зема, пушта, фрла, фаќа, плаќа, наоѓа, умира, удира, запира, дава

2. Направи СВРШЕНИ од следните несвршени глаголи: тропа, паѓа, лежи, пука, чука, седи, свири; (-со наставката -НЕ)
одговор

тропне, падне, легне, пукне, чукне, седне, свирне

3. Најчесто свршените глаголи се образуваат со претставките: из-, на-, пре-, до-, за-, при-, од-, со-, над-, об-, про-, раз-, воз-.
Напиши по еден пример за сите претставки (префикси).
одговор

изграба, научи, преспие, дознае, заигра, придонесе, одговори, собере, надгради, обзнае, произнесе, разобличи, вознесе.

4. Образувај неколку форми од глаголот знае со префикси!

Каков е тој глагол според видот, а какви се глаголите образувани од него со префикси?

одговор

знае – сознае, обзнае, дознае, признае

знае – несвршен (знаеше)

образуваните со префикси се свршени (созна, обзна, дозна, призна)