Вежби за заменки

Со следниве вежби и задачи, ќе го проверите вашето знаење за:
Вежби:
1. Определи кои од следните зборови се заменки, а потоа какви се (лични, лично-предметни или показни)?
мене, мој, ме, ми, ова, нејзин, наш, оној, ти, твој, те.
одговор

мене – лична,

ме – лична, кратка заменска форма,

ми – лична, кратка заменска форма,

ова – показна, среден род

оној – показна, машки род,

ти – лична,

те – лична, кратка заменкса форма.

2. Дополни ги заменките во празните места и определи ја нивната функција во реченицата:
а) Јас _____ги видов во град.
б) _____ и реков да ме почека.
в) Мене ____ поканија на роденден.
г) Вчера _____ ја удри кола.
д) _____ве викнаа кај директорот.
ѓ) Вам ____ ја сменија училницата.
е) _____ти донесоа нов валосипед.
ж) _____ќе донесе креда?
ѕ) _____ми ставија единица.
одговор

а) Јас нив ги видов во град.
б) Нејзе ù реков да ме почека.
в) Мене ме поканија на роденден.
г) Вчера неа ја удри кола.
д) Вас ве викнаа кај директорот.
ѓ) Вам ви ја сменија училницата.
е) Тебе ти донесоа нов валосипед.
ж) Кој ќе донесе креда?
ѕ) Мене ми ставија единица.

3. Дополни ги празните места:
Едно девојче _____ рекло на мајка ____ дека сака за роденден да ___ купат велосипед. ____ сакала велосипедот да биде црвен и со помошни тркалца. Татко __ и мајка __ сакале да ___ ____ исполнат желбата, но не знаеле од каде да најдат пари. Тогаш татко __ се сетил дека брат __ ___ должи три илјади денари и дека тие пари ќе бидат доволни.
одговор

Едно девојче  ù рекло на мајка си дека сака за роденден да ù купат велосипед. Таа сакала велосипедот да биде црвен и со помошни тркалца. Татко  ù и мајка  ù сакале да  ù ја исполнат желбата, но не знаеле од каде да најдат пари. Тогаш татко ù се сетил дека брат му му должи три илјади денари и дека тие пари ќе бидат доволни.