Вежби за придавки

Следните вежби и задачи се за повторување на:

а) придавки и видови придавки;

б) степенување на придавките;

в) образување на придавките;

г) функциите на придавката во реченицата.

 

Вежби:

 

1. Од следните зборови издвој ги придавките: моли, молба, молење, молител, замоли, замолен, молејќи, дом, дома, домаќин, домашен, задомена, домување, домува.

одговор

молител, замолен, домашен, задомена

2. Направи морфолошка анализа на следните придавки (да се определи видот, родот, бројот, членот, степенувањето):
најубав, умствената, десеттото, нејзини.

одговор

Морфолошка анализа значи да се определат сите морфолошки (граматички) белези на еден збор. Кај придавките тоа се: видот, родот, бројот, членот и степенувањето. Ако се дадени во реченица, тогаш и функцијата на придавката во реченицата.

најубав – описна (квалитативна), во машки род, еднина, нечленувана, суперлатив.

умствената – односна, во женски род, еднина, членувана.

десеттото – бројна, среден род, еднина, членувана.

нејзини – заменска, множина, нечленувана.

3. Образувај придавки од следните зборови: сестра, Стојан, Македонија, Охрид, есен, орел, овца, коза, црква, училиште, липа, крв.

а) Дали може да се образуваат споредбени степени од овие придавки? Зошто?

одговор

сестра – сестрин,

Стојан – Стојанов,

Македонија –  македонски,

Охрид – Охридски,

есен – есенски,

орел – орелски,

овца – овчи,

коза – козји,

црква – црквен, црковен,

училиште – училиштен,

липа – липов,

крв – крвав.

а) Дали може да се образуваат споредбени степени од овие придавки? Зошто?

Не можат да се образуваат споредбени степени затоа што сите овие придавки се односни.

4. Определи ја функцијата на придавките во следните реченици:

а) Убавиот цртеж е на Марија.

б) Оваа маса е најмала.

в) Неговата брада е црвена.

г) Богатите никогаш не ги разбираат сиромашните.

д) Петтиот добитник на наградата е старецот.

одговор

а) Убавиот цртеж е на Марија. – убавиот – атрибут

б) Оваа маса е најмала. – најмала – дел од именскиот прирок

в) Неговата брада е црвена. – неговата – атрибут; црвена – дел од именскиот прирок

г) Богатите никогаш не ги разбираат сиромашните. – богатите – подмет, сиромашните – предмет

д) Петтиот добитник на наградата е старецот. – петтиот – атрибут, старецот – дел од именскиот прирок.