Глаголски групи и раздели

Глаголски групи

Глаголите се делат во групи според тоа на која самогласка завршуваат во 3л. еднина сегашно време.

Во македонскиот јазик нема инфинитивна форма, па затоа се употребува оваа форма на глаголот каде нема наставка.

Разликуваме три глаголски групи:

а) -а група : чита, игра, вика;

б) -и група : носи, моли, коси;

в) -е група : плете, пее, пие.

На пр.: сегашно време
1л. учам
2л. учиш
3л. учи
Во 3. лице еднина завршува на и, значи глаголот е од и – група.

Глаголски подгрупи (раздели)

 

Во промената на глаголите, освен трите основни самогласки (а, е, и), се јавуваат и други самогласки (о, на пример) или празни места (без основен вокал) пред личните наставки.

Ова особено се забележува при образувањето на минато определено свршено време.

Глаголската подгрупа или раздел се определува според самогласката што стои пред личната наставка во 1л. еднина минато определено време.

а) Кај глаголите од а-група нема раздели, затоа што самогласаката е секогаш а.

На пример: чит – а – в; вика – а – в.

б) Кај глаголите од и-група разликуваме три подгрупи (раздели)

и-раздел: прати-и-в; стор-и-в

е-раздел: изгор-е-в, оздрав-е-в

а-раздел: издрж-а-в, прележ-а-в

в) Кај глаголите од е-група разликуваме четири подгрупи (раздели)

а-раздел: стан-а-в, викн-а-в

е-раздел: запр-е-в, сотр-е-в

о-раздел: дојд-о-в, рек-о-в

без самогласка: чу-/-в, изми-/-в

 

Освен глаголски групи и раздели, разликуваме и глаголски форми, кои се делат на прости и сложени, во зависност од тоа дали го содржат само глаголот или и некој друг збор (помошен глагол и честичка).