Глаголски залог

Глаголски залог е граматичка категорија на глаголите.

Со залогот се означува односот на граматичкиот подмет кон глаголското дејство. Нема посебни форми за означување на залогот во македонскиот јазик. Затоа, а и поради тоа што предметот на проучување се односите меѓу подметот и предметот, оваа категорија е синтаксичка, а не морфолошка.

Се разликуваат:

а) Актив – каде подмет е лицето што го врши дејството.

На пример:

Петре чита книга. (Петре е подмет во реченицата, а книга е предмет.)

б) Пасив – каде подметот не го врши дејството, туку предметот или лицето врз кои се врши дејството станува граматички подмет. Односно, подметот станува предмет, а предметот – подмет.

На пример:

Книгата беше читана од Петре. (Книгата е подмет во реченицата, а Петре станува граматички предмет.)