Глаголски прилог

Глаголски прилог е именска форма на глаголот и проста глаголска форма.

Се образува од несвршени глаголи и наставката: – јќи

  • Кај глаголите од а-група, наставката се додава зад основниот вокал а: чита: читајќи, игра: играјќи, вика: викајќи.
  • Кај глаголите од и-група и е-група, наставката се додава на основниот вокал е: носи: носејќи, коси: косејќи, оди: одејќи; плете: плетејќи, мие: миејќи, пее: пеејќи.

Со глаголскиот прилог се искажува дејство што се врши паралелно со некое друго дејство во реченицата.

На пример: Одејќи накај училиште го сретнав Митре.

(Значењето на одејќи е дека во исто време додека одев накај училиште го сретнав Митре.)

Дејствата искажани со глаголскиот прилог и личната глаголска форма секогаш имаат еден ист вршител. Во примерот, дејствата: одејќи и сретнав, се извршени од подметот јас.

На пример: Одејќи накај училиште Јана го сретна Митре.

Во овој пример, дејствата: одејќи и сретна се извршени од подметот Јана.

Иако означуваат дејство, глаголските прилози се однесуваат како прилози, односно како неменливи зборови.

  • Во некои случаи глаголскиот прилог содржи значење кое може да се искаже на друг начин.

На пример: Излегувајќи од училната, го сретнав Митре.

Кога излегував од училната, го сретнав Митре.


Од темата морфологија прочитај и за:

  1. Морфологија
  2. Делови на зборот
  3. Морфема -видови морфеми
  4. Збороформа
  5. Морфолошка поделба на зборовите

Прочитај повеќе за времињата во македонскиот јазик на следнава ВРСКА.

Прочитај повеќе за глаголите на следните врски:

  1. Морфологија – глаголи (матура)
  2. Глаголски групи и раздели
  3. Граматички категории кај глаголите
  4. Именски форми на глаголот

 

Scroll to Top